Кривична пријава за седум лица за убиството на Матка

Скопје, 24 април 2017 (МИА) - СВР Скопје поднесе кривична пријава против неколку лица кои учествуваа во тепачката на Матка на 15 април во која беше убиено едно 17-годишно момче.
Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека кривичната пријава е поднесена против 18-годишниот А.Е. поради основано сомнение дека извршил кривично дело „убиство“, како и против 18-годишниот Џ.С. и еден 16-годишник од село Шишево, 16-годишник од село Сарај, 13-годишник од Скопје, 14-годишник од село Грчец и 13-годишник од село Сарај поради основано сомнение дека дека извршиле кривично дело „учество во тепачка“.
На 15 април околу 15 часот пред браната - Долна Матка настанала вербална расправија меѓу А.Е., Џ.С. и 16-годишникот од село Шишево од една страна и останатите пријавени од друга страна. По кусо време расправијата прераснала во тепачка во која А.Е. со нож му нанел убод во градите на 17-годишникот од село Сарај, кој починал на самото место, додека на неговиот брат со нож му нанел површинска расекотина во градите.
Од страна на судија на претходна постапка, на А.Е. му е изречена мерка притвор во траење од 30 дена, додека на другите пријавени им е изречена мерка претпазливост.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...