„Гласот на славејот“ - концерт на Филхармонијата со сопранот Милена Арсовска

Скопје, 27 април 2017 (МИА) - Македонската филхармонија вечер ќе изведе симфониски концерт насловен „Гласот на славејот“ под диригентство на Даниел Рајскин од Русија, на кој како солист ќе настапи сопранот Милена Арсовска - меѓу најистакнатите македонски вокални уметници со успешна меѓународна кариера.
Филхармонијата најави дека првпат на македонската музичка сцена ќе биде изведено делото Три песни за сопран и оркестар од аргентинскиот современ и мошне влијателен композитор Освалдо Голијов, кој е познат по својата музичка хибридност - комбинација на традиционалната камерна музика, еврејските литургии и музиката клезмер со примеси на новото танго на Астор Пјацола.
Премиерно Филхармонијата ќе го изведе и делото „Хипнагогија во Тулијанум“ на младиот македонски композитор Никола Крстевски, кое ја освои првата награда на конкурсот на Министерството за култура во 2015 година.
На концертот „Гласот на славејот“ ќе биде изведена и Симфонија бр. 5 оп. 55 во б-мол „Херојска“ од рускиот композотор Александар Глазунов која е опишана како „прекрасна архитектонска поема“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...