Осуммина повредени примени во Градска болница

Поддржувачите на иницијативата „За заедничка Македонија“ вечерва влегоа во зградата на Собранието. Тие влегоа во делот каде беа дел од пратениците на СДСМ и на албанските партии, како и новинарски екипи, по што дојде и до физичка пресметка, во која има и повредени.

Во моментов пред Собранието е мирно, но масата граѓани се распоредува по страничните и задниот влез на собраниската зграда. Видливо е присуство на амбулантни возила и полициски возила. Во собраниската зграда се уште има група граѓани, а од отворените врати од главниот влез може да се забележат развиорени македонски знамиња

-Седум лица со повреди на главата и едно со повреда на колено се примени на Клиниката за хируршки болести „Свети Наум Охридски“ (Градска болница), изјави за МИА директорката на таа јавна здравствена установа Јасминка Чабуковска.

Таа рече дека од осуммината примени на Клиниката само едно лице кое имало потрес на мозокот е хоспитализирано, но е во добра општа состојба.

Во меѓувреме се огласија еврокомесарот Јоханес Хан и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.

Еврокомесарот за проширување и европска соседска политика на Твитер напиша дека ги осудува случувањата во македонското Собрание.

-Најостро ги осудувам нападите врз членови на Парламентот во Скопје. Нема место за насилство во Парламентот. Демократијата мора да продолжи по својот тек, наведува Хан.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски преку социјалната мрежа Фејсбук повика на присебност и смирување на страстите, по случувањата во Собранието.

- Насилството не е решение и потребно е смирување на страстите. Повикувам на присебност. Народот да не подлегнува на провокациите на СДСМ и оние кои сакаат да ја втурнат државата во уште подлабока криза и да го исполнат нивното сценарио. Потребно е смирување на страстите. ВМРО-ДПМНЕ ќе се спротивстави на овие антидржавни постапки на СДСМ преку правни и политички демократски средства.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...