Одбележани 114 години од солунските атентати на гемиџиите

Велес, 28 април 2017 (МИА) - Општина Велес денеска пред Споменикот на гемиџиите во Велес кај Вардар организираше одбележување 114 години од акциите на гемиџиите во април 1903 во Солун.
Делагации од Општината и од АРМ, борци и претставници на невладини здруженија, положија букети цвеќе и се поклонија пред споменикот поставен во чест на гемиџиите. За нивното дело говореше историчарот Слободан Ников, раководител на Подрачното одделение на Државниот архив во Велес.
Тој потсети дека гемиџиите, од кои најголем дел биле велешани, млади и школувани, настапиле со познатата синтагма „Се арчиме за Македонија“ и дека со своите акции сакале да го свртат вниманието на Европа за поробената Македонија во Отоманската империја. Во тие динамитни акции, рече тој, единствена саможртва биле десеттемина гемиџии со нивните млади животи.
На 28 април 1903 година со активирање на динамитот поставен на францускиот параброд „Гвадалкивир“ почнале акциите на гемиџиите, кои траеле до 30 април 1903 година. Во нивните акции биле оштетени или уништени повеќе објекти во Солун - Отоманската банка, летниот театар „Ал Хамбар“, хотелот „Египет“ и Гранд Хотел. Оштетени биле делови од гасоводната и водоводната инсталација при што бил направен обид и за атентат врз солунскиот валија.
Ников истакна дека гемиџиите со своето дело оставиле голем аманет на генерациите по нив да ја продолжат борбата против многубројните поробувачи на Македонија и дека денешната генерација Македонци се, исто така исправени, како што рече, пред голем предизвик во борба за зачувување на идентитетот, јазикот и целовитоста на Македонија.
Присутните на свеченоста се упатија и кон велешкото село Ораовец и се поклонија и положија цвеќе на најмладиот гемиџија - Милан Арсов. Тие се поклонија и на гробот на илинденецот Јован Наумов-Алабакот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...