Продолжува реконструкцијата на канализациската мрежа во Куманово

Куманово, 30 април 2017 (МИА) - Секторот за урбанизам, комунални дејности и заштита на животната средина и природата при општина Куманово, соопшти дека од 2 мај ќе почнат градежни работи – попречни приклучоци, на ул.„Перо Шварц“ и ул.„Среќко Пужаљка“, кои се реализираат во рамки нa ИПА – проект „Рехабилитација и проширување на канализациона мрежа во општина Куманово“.
- За краткиот период додека се изведуваат градежните работи на овие локации, сообраќајот ќе биде блокиран со цел што е можно побрзо да се изведат градежните зафати. Воедно, ги замолуваме граѓаните да ги отстранат моторните возила од улиците, како и да соработуваат со цел непречено одвивање на работите, стои во соопштението од секторот за урбанизам.
Претходната недела во рамки на проектот градежни активности се спроведуваа на улиците „Перо Чичо“, „Кирил и Методиј“, „Трета Македонска ударна бригада“, „Љупчо Арсов“ и „Чупино Брдо“.
Проектот „Рехабилитација и проширување на канализациска мрежа во општина Куманово” вреден 4,3 милиони евра беше промовиран во октомври минатата година и со него е предвидено да се решаваат проблемите со собирањето и одведувањето на урбаните отпадни води во општина Куманово.
Со овој проект се очекува да се рехабилитираат околу 25 километри од постоечката канализациска мрежа во Куманово.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...