Заев: Ќе формираме влада со почитување на Уставот и законите, нема амнестија

Скопје, 2 мај 2017 (МИА) - Лидерот на СДСМ Зоран Заев најавува дека мнозинството ќе ја реализира обврската пред граѓаните за избор на нова влада и оти тоа ќе биде направено со почитување на Деловникот, Уставот и законите.
Во денешното интервју за Дојче Веле, лидерот на СДСМ вели дека тоа ќе биде направено со смиреност и со поддршката од домашната и од меѓународната јавност.
Во однос на тоа дали очекува повторно насилство при трансферот на власта, Заев со оценка дека во Собранието бил направен организиран обид за убиство на пратеници и насилство врз новинари и вработени во законодавниот дом.
- Извршија тешко кривично дело, терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста. Ние покажавме како достоиствено се бранат државните интереси и како се сака Македонија. Не дозволивме да ја реализираат намерата да направат хаос во државата, меѓуетнички судир, судир на граѓани од иста етничка заедница, државен удар, за да отворат простор за налудничавото сценарио Иванов да прогласи воена состојба. Тоа им беше намерата. Со оваа група околу Груевски никој не може да биде на чисто што тие планираат. Но јас знам што ние нема да дозволиме. Нема да им го дозволиме сценариото. Мудро, со почитување на Деловникот, Уставот и законите, со смиреност, и наша и на граѓаните, со поддршката и од домашната, но и од меѓународната јавност, ќе ја реализираме нашата обврска за избор на новата Влада на граѓаните. Иако институциите се партизирани, знаеме дека во нив постојат професионалци кои нема да тргнат во кршење на Уставот и законите и против интересите на граѓаните, вели Заев.
Прашан дали лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски директно или индиректно од него барал гаранции за амнестија, Заев со одговор дека амнестија нема да има.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...