Манчевски: Заев ќе оди кај Иванов по мандат за нова влада

Во наредните денови се очекува лидерот на СДСМ Зоран Заев да оди кај претседателот Ѓорге Иванов и да ги однесе гаранциите за унитарноста на државата по што ќе се очекува добивање на мандатот за формирање влада, изјави денеска пратеникот на СДСМ, Дамјан Манчевски.

- Се што треба ќе направиме за конечно да ја стабилизираме државата. Како што и претседателот Заев кажа, не пати од его, и апсолутно, кој, каде и кој прв ќе отиде не е важно, важно е конечно да се заврши работата, но најважно на крајот од денот е конечно Иванов да го испочитува Уставот и да го даде мандатот за состав на нова влада, рече на прес-конференција Манчевски одговарајќи на новинарско прашање.

Тој истакна дека Македонија има итна потреба од нова влада која веднаш ќе се зафати со решавање на проблемите на граѓаните.

- Неопходно е веднаш да се одблокираат демократските процеси во Македонија и Ѓорге Иванов веднаш да го даде мандатот за состав на нова влада на претседателот Зоран Заев, рече Манчевски.

Блокадата на демократските процеси, како што кажа, ќе кулминира за неколку дена.
- На 15-ти мај престануваат мандатите на градоначалниците и советите. Со тоа што ќе нема ниту функционална локална власт, уште повеќе ќе се усложни ситуацијата во која се наоѓаат граѓаните и Македонија, рече Манчевски.

Тој истакна дека е потребен итен, мирен трансфер на власта, со цел Македонија што побрзо да добие функционални институции, да биде продолжен мандатот на локалните власти и да бидат закажани локални избори.
- Апелираме до сите, конструктивно да се приклучат кон промените. Да не вршат никакви попречувања на демократските процеси што водат кон квалитетен живот на сите граѓани и евро-атлантски перспективи на Македонија, рече пратеникот Манчевски.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1856.- Во Фрајберг е роден Сигмунд Фројд,...
1889.- Во Париз официјално е отворена Ајфеловата...
1992.- Во Париз умре Марлен Дитрих (вистинското...
1993.- Умре Велко Силјаноски, редовен професор...