Ахмети го поздрави доделувањето мандат на Заев

Скопје, 17 мај 2017 (МИА) - Претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ) Али Ахмети во пишана изјава го поздрави доделувањето на мандатот за формирање на, како што истакнува, новата реформска влада во согласност со Уставот.

- Како што кажав уште на самиот почеток, ние ќе дејствуваме во согласност со волјата на граѓаните и враќање назад нема, наведува Ахмети во изјавата.

Нашата клучна, определена и одлучувачка улога во новото мнозинство, потенцира Ахмети, ќе ја ставиме во служба на реформите во согласност со очекувањата на меѓународната заедница, добрите меѓуетнички односи и Охридскиот договор, како и интеграцијата во НАТО и во Европската Унија заедно со отварањето нови работни места.

Лидерот на СДСМ Зоран Заев денеска од претседателот Ѓорге Иванов го доби мандатот за формирање влада.

Актуелното парламентарно мнозинство во 120-членото Собрание на Македонија има поддршка од 67 пратеници на коалицијата предводена од СДСМ, ДУИ, БЕСА и Алијансата на Албанците.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на слободата на печатот
1469.- Во Фиренца е роден Николо Макијавели,...
1492.- Кристифор Колумбо го откри островот...
1500.- Португалскиот морепловец Педро Алварес...