Иванов: Граѓаните можат да бидат спокојни

Можеме да кажеме сето она што беше загриженост, што беа вознемирени нашите граѓани, сето она што беше во јавноста присутно дека се загрозува унитарноста, дека имаме загрозување на независноста на државата, дека се отстапува од рамките на Уставот, Охридскиот договор и сето она што е наша рамка, сега имаме гаранции дека тоа нема да биде случај и затоа граѓаните од тој аспект можат да бидат спокојни, порача македонскиот претседател Ѓорге Иванов во интервју за емисијата „Само Вистина“ на Канал телевизија, откако денеска го врачи мандатот за состав на Влада на претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

- За среќа се надминуваме полека и се надевам дека со денешниот ден влегуваме во фаза кога ќе си добијат тек сите настани и ќе може оваа длабока политичка криза која ја имаме, да дојде до своја завршница“, рече Иванов.

Тој оцени дека врачувањето на мандатот е чекор кон надминување на состојба која трае повеќе од две и пол години и смета дека е создаден преседан за во иднина.

- Со денешниот ден, создаваме преседан за идните мандатари да не бидат уценувани, да не бидат условувани, да не бидат под притисок за прашања за кои не може да се разговара, а тоа се прашањата дефинирани во Уставот и ниедна партија не може да ги доведува во прашање, а тоа е унитарноста на државата, територијалниот интегритет, суверенитет, независноста на државата.

Ниеден акт не може да ја доведе државата во подредена состојба и зависност од друга држава. Тоа се состои во денешната изјава на господинот Зоран Заев. Тоа ќе биде позитивен случај за сите идни мандатари, да не бидат доведени некој друг да ги уценува, рече претседателот Иванов.

Според него, треба да гледаме позитивно на нештата, да размислуваме позитивно и да се посветиме на стратешките цели.

- Навистина ни е доста од лаги, живееме во време на пост-вистина, премногу лаги имаме. Премногу лаги имаме, не реагирам затоа што ги оставам лагите сами да се демантираат. Сега навратете се се што е напишано за мене, за сево ова, и ќе видите колку лаги, интриги и заговори, и што се не е кажано. Доаѓа период кога треба да се посветиме на иднината.

Затоа што еден збор нема значење во минато време, зборот ако. Тоа што било не можеме да го менуваме. Но тоа што доаѓа, зависи од нас. Дали ќе имаме волја, дали ќе имаме желба да им нудиме надеж на идните поколенија, затоа што идните поколенија ќе се навраќаат на овој период и кажат што се сме имале можност, но сме испуштиле.

Затоа да се посветиме на сето она што ни се стратешки цели, овој период да биде едно мачно и тешко учење, бидејќи демократијата е еден постојан процес на учење ако се посветите на неа.

Да се посветиме на демократските институции, на сите оние акти што ги имаме, да се посветиме на сето она што значи стандард во демократијата и владеењето на правото и конечно, ако ЕУ не ни даде датум за почеток на преговорите, барем да ги отворат 23 и 24 поглавје, каде што се впрочем сите проблеми, сите кризи, што ни произлегуваат во државата.

Со реформи, со прифаќање на европски стандарди, европски принципи, ќе имаме на некој начин релаксирање и меѓуетнички, меѓурелигиски, и меѓујазични, бидејќи ќе задоволуваме европски стандарди, рече претседателот Иванов.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...