ВМРО-ДПМНЕ: Сега целата одговорност останува кај Заев

Скопје, 19 мај 2017 (МИА) - ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение до медиумите порачува дека Зоран Заев свесно ја држеше Република Македонија во заложничка криза, а, како што велат, можеше уште пред три месеци да ја прифати нивната понуда, да ја отфрли тиранската платформа и да заврши кризата.

- Сега целата одговорност останува кај Заев. Тој ќе мора да избере дали ќе ја отфрли двојазичноста на банкнотите, униформите и носењето на резолуција за геноцид врз Албанците или ќе си го погази зборот и ќе тргне спротивно на ветувањата дадени пред сопствениот народ, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ и се додава дека на Заев не може да му се верува поради што будно мора да се следи секој негов преземен чекор.

Заев, се посочува, јавно се обврза дека ја отфрла тиранската платформа и дека ќе престане со антидржавната и антинационална политика.

- Заев со своите чекори и постапки, погазување на Устав и Деловник на Собранието покажа дека единствен мотив му е да ги испорача наредбите од наредбодавачите. Ваквото однесување полно со неодговорност, нелегитимитет и деструкција нема иднина. Веќе нема простор за манипулација на граѓаните.

Заев на своја кожа ја почувствува истрајноста и упорноста на стотиците илјади граѓани да се изборат за зачувување на државните интереси, за зачувување на унитарноста и отфрлање на секакви платформи, се нагласува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оди Трпе во продавница.
- Дајте ми литар масло.
- Флаша имате?
- Не, ќе го пијам пред врата!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на трудот.
1218.- Роден е германскиот цар Рудолф, основач...
1672.- Роден е англискиот писател и политичар...
1858.- Се случи битката на Грахово. По победата...