Заев: На почетокот на идната недела, Македонија треба да има нова влада

Брисел, 24 мај 2017 (МИА) - Претседателот на СДСМ и мандатар за составување на Влада на Република Македонија, синоќа од Брисел најави и дека се во полн ек и преговорите за составување на нова македонска Влада, која според него би требало да биде избрана на почетокот на идната недела.

Како што јавува дописникот на МИА, Запрашан до каде се преговорите за формирање на Влада, Заев по средбата со премиерите на пет балкански држави плус Федерика Могерини, посочи дека со останатите партнери е речиси договорено се, освен со движењето БЕСА, но најави дека очекува затворање на списокот на министри до крајот на оваа недела.

- Можам да кажам дека со другите партии сме многу поблиску и во делот на она што значи распределба на ресори и во делот на аспектот на потребата за изнаоѓање на квалитетни кадри. Со партијата БЕСА се уште не сме стигнале да разговараме за кадри. Се уште разговараме за ресорите, вкупниот број колку, за пропорциите, одговорноста итн. Верувам дека многу брзо ќе дојдеме и да разговараме за имиња. Моја аспирација, а генерално и сите лидери заклучивме е да се обидеме до крајот на неделава да доставиме предлог до македонскиот парламент. Ние ветивме некои десетина дена, а во недела истекуваат десет дена со оглед на тоа што поминаа шест-седум дена. Луѓето очекуваат резултати, подобрување на економскиот живот, започнување на реформите, едноставно сакаат да видат како парламентот функционира. Опозицијата си ја врши својата работа, а владејачкото мнозинство својата работа. Сето тоа ќе значи секако и приближување кон Европската унија, но најмногу и подобрување на животот на граѓаните, изјави Заев.

Запрашан конкретно да каже кога Македонија може да добие нова Влада, првиот чвоек на македонските социјал-дмеократи со конкретен одговор дека тоа треба да се случи на почетокот на идната недела.

- Се надевам дека ако успееме тоа што си го зададовме како задача за до крајот на оваа седмица да ја доставиме Владата во парламентот, согласно деловникот на парламентот на Република Македонија, дебатата трае 48 часа, односно два дена. Тоа значи дека на почетокот на идната седмица, Македонија треба да има нова Влада – дециден е мандатарот Зоран Заев.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...