Заев: Ќе направиме обид да обезбедиме двотретинско мнозинство за СЈО

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека ќе биде направен обид во Парламентот да се обезбеди двотретинско мнозинство за да може да се продолжи мандатот на Специјалното јавно обвинителство.

- Ние имаме договор за оваа работа со коалициските партнери. Знаете дека тоа не е доволно, ни треба две третини и ќе се обидеме по пат на дебата низ Парламентот да обезбедиме две третини. Тоа е тешка една мисија заради тоа што нашите политички опоненти се навистина со спротивен став од нас, но ќе се обидеме по пат на дијалог низ комисиите во Собранието да се обидеме. Таа институција која што заедно со консензус ја формиравме заслужува да си го заврши својот мандат со заклучоци согласно тоа што ќе го истражува и дека ќе го комплетира, рече Заев одговарајќи на новинарско прашање по средбата со евроамбасадорот Самуел Жбогар.

Ги повика пратениците во Парламентот да останат, како што кажа, „на линијата на тоа што веќе еднаш сме го поддржале како политички партии, а тоа е работата за кое што е основано ова СЈО завршена онака како што тоа е замислено во Законот“.

Заев рече дека за десетина дена ќе бидат познати и имињата на замениците министри во Владата.
- Веќе разговараме, се надевам веќе за некои десетина дена ќе бидеме готови за да излеземе пред Парламентот со предлозите за замениците министри. Веќе се разговара за експертски решенија исто така ширум институциите. Посебно сме посветени на оние што ги викаме механизми за контрола преку Владата за да можат навистина да се воспостават такви сериозни контроли како што порано имав спомнато да ја чуваат Република Макецонија од СДСМ, рече Заев.

Во однос на реизборот на судиите, Заев рече дека ќе ги следат препораките на Венецијанската комисија, европските пракси поврзани со оваа проблематика.
- Верувам дека никој јавно нема да каже дека нема да се залага за независно правосудство. Во тој дел сите процеси што ќе ги придвижиме во делот на чесно поставување на независен правосуден систем, мислам на обвинителство и на судство мора да го направиме како чекор.

Најочигледните пракси што биле во Европа се распуштање со реизбор каде што секој судија влегува во постапка да биде повторно избран.Сите чесни судии не треба воопшто да се плашат од ваквата постапка. Ќе ја водат експерти и никако политичари, рече Заев.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...