Новата Влада ги отвора евро-атлантските перспективи што ВМРО-ДПМНЕ ги блокираше

СДСМ смета дека владата на ВМРО-ДПМНЕ изминатите години ги блокирала евроатлантските процеси и тврди дека новата Влада веќе започнала да работи на нивна деблокада.

- Европските перспективи за Македонија и нејзините граѓани ги отвора новата реформска Влада предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев којашто посветено и напорно започна да работи на деблокада на евро-аталнтските интеграции кои беа закочени од неразумните политики на поранешната режимска власт на Никола Груевски.

Отвореноста и транспарентноста на институцијата Влада, којашто им припаѓа на граѓаните се меѓу првите демократски придобивки коишто граѓаните веќе ги чувствуваат, се вели во соопштението од СДСМ.

Оттаму посочуваат дека ВМРО-ДПМНЕ нејзиниот лидер Никола Груевски им должат објаснување на граѓаните на Република Македонија за која цел и за чии интереси 11 години ја уназадувале земјата во евро-аталнтските интеграциски процеси и со тоа ја оддалечувале од цивилизираниот демократски свет.

Затоа, велат од СДСМ, чесните членови, активисти и политичари во ВМРО-ДПМНЕ треба да се оградат од штетните политики на Никола Груевски кои ја уназадиле Македонија, ги заробиле институциите и ги осиромашиле граѓаните.

Неопдходно е, се додава во соопштението од СДСМ, ВМРО ДПМНЕ да работи како конструктивна опозиција водена од демократски принципи и активно да ги поддржи демократските реформски процеси за доброто и иднината на граѓаните и државата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...