Нашата Влада беше прва која успеа да ја приближи државата до ЕУ и НАТО

Скопје, 8 јуни 2017 (МИА) - Граѓаните од Зоран Заев очекуваат да ја внесе Република Македонија во ЕУ и НАТО без да задира во идентитетските прашања и без да прави штетни договори на грбот на македонскиот народ, реагира ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ во кое владејачката партија порача дека новата влада ги отвора евроатлантските перспективи кои претходната влада ги блокирала.

- Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ беше прва Влада во Република Македонија која успеа да ја приближи државата до конечната цел - станување полноправен член на ЕУ и НАТО. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ доби целосна препорака за отпочнување преговори за членство во ЕУ во 2009 година и беше пред портите на НАТО на самитот во 2008 година, кога од општопознати причини остана надвор од структурите на организацијата, иако ги има исполнето сите критериуми за влез, пишува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Партијата наведува дека Република Македонија свртила нов лист во своето европско поглавје со добивање на визната либерализација од ЕУ во 2009 година која, како што додава, беше дадена благодарение на реформите кои Владата ги спроведе во сферата на граничната контрола, царината и безбедноста.

- Визната либерализација овозможи македонските граѓани слободно и непречено да патуваат во земјите членки на ЕУ и Шенген зоната. Огромна придобивка за граѓаните кои пред тоа по неколку месеци и во редици чекаа пред амбасадите на овие држави, посочува ВМРО-ДПМНЕ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...