СДСМ: Новата Влада ќе обезбеди реален пад на невработеноста

Скопје, 11 јуни 2017 (МИА) - СДСМ попладнево преку соопштение посочи дека економските политики на новата реформска Влада предводена од СДСМ ќе придонесат кон заздравување на уништената економија, а како резулатот на тоа ќе има нови реални работни места и повисоки плати.
- Резултатот на ВМРО-ДПМНЕ од спроведувањето промашени економски политики цели 11 години се 500.000 граѓани кои живеат под прагот на сиромаштија и 626.312 исселени граѓани од државата. Завршува времето кога ВМРО-ДПМНЕ преку бришење на невработените од евиденција, нарачани бројки од контролирани институции, иселувањето на младото работоспособно население можеше да прикажува фиктивно намалување на невработеноста, се наведува во соопштението како реакција на прес-конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Според СДСМ, нелогично е намалување на невработеноста во првото тримесечје оваа година во услови кога економијата стагнира поради, како што наведуваат, блокадите и опструкциите што ВМРО-ДПМНЕ ги правеше во обид да го спречи формирање на новата Влада.
- Новата Влада ќе обезбеди реален пад на невработеноста и ќе ги поправи економските штети што ги направија Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, се наведува во реакцијата на СДСМ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Мујо му раскажува па Суљо:
"Замисли, Суљо, со Хасо бевме во шумата кога почна страшно невреме. Отидовме кај него дома, ама дождот не престануваше, па останав да преспијам. И така...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Светски ден на Црвениот крст и на Црвената...
1688.- Роден е Ален Рене Лесаж, француски...
1794.- Во Париз умре Антоан Лавоазје, француски...
1828.- Во Женева е роден Жан Анри Динан,...