Заев на средба со Борисов во Владата во Софија

Софија, 20 јуни 2017 (МИА) - Во зградата на Министерскиот совет на Бугарија почна средбата на премиерот Зоран Заев и бугарскиот премиер Бојко Борисов. На средбата се очекува Заев да побара поддршка од Бугарија како иден претседавач со ЕУ поддршка на патот за членство на Македонија во Унијата и во НАТО. Ќе стане збор и за унапредување на соработката меѓу двете земји.

Ова е втора посета на премиерот Заев по формирањето на новата Влада. Првата дестинација беше во Брисел.

Македонскиот премиер, најавувајќи ја посетата на Бугарија, деновиве во повеќе наврати истакна дека од Софија која од 1 јануари следната година го презема претседавањето со ЕУ, очекува добра соработка и поддршка за евроатлантските аспирации на Македонија. Посетите на Брисел и на соседните земји, вели Заев, значат засилена активност со помош на пријателите од ЕУ и од соседите да се придвижи Македонија кон полноправно членство во НАТО и ЕУ.

- Стратешки определби на Република Македонија се интеграциите во Европската унија и НАТО. Остварувањето на овие цели значат долгорочна стабилност и безбедност за граѓаните на Македонија, но и за целиот регион.

Затоа, поддршката од соседите е од големо значење, а ние како одговорна Влада сме подготвени да бидеме активен дел од значајните добрососедски и интегративни процеси, е ставот со којшто е дојден премиерот Заев на официјалните средби во Бугарија.

И бугарскиот премиер Бојко Борисов, по изборот на новата македонска Влада, изрази уверување дека Софија и Скопје ќе работат за зацврстување на добрососедските односи и за приближување на Македонија кон ЕУ и НАТО.

Покрај тет-а-тет средбата на двајцата премиери, јави известувачот на МИА, предвидени се и пленарни разговори на делегациите во чиј состав од македонска страна се и вицепремиерот Бујар Османи, министрите за надворешни работи Никола Димитров, за транспорт и врски Горан Сугарески и за култура Робeрт Алаѓозовски. Во бугарската делегација, пак, ќе бидат и вицепремиерот и министер за надворешни работи Екатерина Захариева, како и министрите за култура и за транспорт и информациски технологии и комуникации, Боил Банов и Иваило Московски.

Попладне, премиерот Заев ќе има средби со претседателот на Република Бугарија Румен Радев и со претседателот на Собранието на Димитар Главчев.

Покрај политичкиот дел, во рамки на официјалната посета, Заев утре во Софија ќе има и повеќе економски средби меѓу кои и со бугарската министерка за енергетика на Теменушка Петкова, на која ќе присуствува и министерот Сугарески.

Предвидени се и одделни средби меѓу министрите од Република Македонија и нивните колеги од Бугарија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на слободата на печатот
1469.- Во Фиренца е роден Николо Макијавели,...
1492.- Кристифор Колумбо го откри островот...
1500.- Португалскиот морепловец Педро Алварес...