Спасовски: Македонија може да биде погодена од нов бран мигранти

Скопје, 20 јуни 2017 (МИА) - Република Македонија со својата гео-позиција во регионот може да биде една од најпогодените и секако најзасегнати од евентуалното „пробивање“ на нови нелегални мигрантски рути, рече денеска министерот Оливер Спасовски во своето обраќање на Конференцијата на министри за внатрешни работи во рамките на Салцбуршкиот форум во Будимпешта, посветена на нелегалната миграција, миграцискиот притисок и актуелната ситуација долж Западно-балканската рута.

Министерот Спасовски, како што соопшти МВР, ја потенцира и можната злоупотреба на мигрантските рути за инфилтрирање на екстремисти и безбедносните проверки на мигрантите долж Западно- балканската рута.

- Соочени со новите безбедносни феномени, целокупните безбедносни капацитети на нашата држава во континуитет се насочени кон спречување на заканите и опасностите кои произлегуваат од поддржувачите на тероризмот, фокусирајќи се на превенција и спречување на финансирање на терористичките активности, следење на сомнителните трансакции, спречување на перењето пари и можно регрутирање на потенцијални извршители на терористички активности во земјата и странство, рече Спасовски.

Исто така, со цел воспоставување подобра контрола и спречување трансфер на потенцијални терористи меѓу мигрантите, посочи дека е потребно воведување унифицирани механизми за превенција и контрола, размена на информации, водење заеднички случаи преку заеднички тимови и формирање заедничка база на податоци.

- Не смееме да дозволиме хуманоста да биде жртва на тероризмот. Но, истовремено мораме да бидеме свесни и дека не можеме да се луксузираме со безбедноста и сигурноста на нашите граѓани и на нашите држави. Потребен е ефективен, функционален баланс кој ќе ги анулира овие две крајности, рече министерот Спасовски.

Како што соопшти МВР, Спасовски во Будимпешта треба да оствари и неколку билатерални средби.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...