Утре почнува запишувањето ученици во средно образование

Скопје, 27 јуни 2017 (МИА) – Во јавните средни училишта во Македонија утре и задутре (28-ми и 29 јуни) е првото пријавување и запишување на учениците во прва година во учебната 2017/2018 година во јунскиот упиен рок. Резултатите од запишувањето и слободните места ќе бидат објавени на 30 јуни.
Квалификациското тестирање ќе се организира во училиштата за средно образование на 3 јули, а резултатите ќе бидат објавени на 4 јули.
Документите потребни за пријавување и критериумите и условите се содржани во Конкурсот кој Министерството за образование и наука го објави на крајот на март и е поставен на неговата веб-страница (www.mon.gov.mk).
Второто пријавување од јунскиот уписен рок и запишување на учениците ќе се врши на 5 јули, а резултатите од запишувањето и слободните места ќе бидат објавени на 6 јули.
Пријавувањето и запишувањето на учениците во августовскиот рок ќе биде на 24 август, а резултатите од запишувањето на учениците и слободните места ќе бидат објавени на 25 август.
Училиштата кои во двата уписни рока нема да ги пополнат утврдените ученички места за запишување ќе продолжат со запишување ученици до 31 август 2017.
Поради укинувањето на екстерното тестирање, направени се измени во објавениот Конкурс во кој се избришани условите поврзани со резултатите од екстерното проверување на постигнувањето на успехот на ученикот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...