Сончево и многу топло, температури до 42 степена

Скопје, 30 јуни 2017 (МИА) - Времето во Македонија ќе биде сончево и многу топло, со слаб до умерен југозападен ветер. Утринската температура ќе се движи од 15 до 22, а дневната од 35 до 42 степена. УВ-индексот ќе има вредност 9.

Во Скопје слично време, сончево и многу топло со слаб до умерен југозападен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 20, а дневната ќе достигне до 40 степени.

До сабота нашето подрачје ќе биде под влијание на многу топла воздушна маса која ќе предизвика сончево и многу топло време со натпросечни температури на воздухот. Максималните температури в долж Поварадарието и во јужните делови ќе го надминат 40-иот степен.

Во недела посвежа воздушна маса од север ќе предизвика на повеќе места нестабилно време со поројни врнежи од дожд и појава на грмежи, особено попладне. Дневните температури ќе опаѓаат почнувајќи од северните делови за околу 5 степени, а во крајниот југоисточен дел се уште ќе се задржи многу топло. Ќе дува умерен ветер од северозападен правец.

Во понеделник ќе преовладува променливо и свежо време со локален дожд. Ќе дува засилен ветер од северен правец кој ќе предизвика значително опаѓање на температурата која во понеделник и во вторник ќе биде во интервал од 22 до 31 степен. Потоа температурата ќе биде во постојан пораст.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...