Османи и Димитров во Брисел на состанок на ССА

Скопје, 18 јули 2017 (МИА) - Заменик претседателот на Владата на Република Македонија Бујар Османи денеска во Брисел ќе учествува на тринаесеттиот состанок на Советот за стабилизација и асоцијација (ССА), со кој ќе претседава министерот за надворешни работи Никола Димитров, а ко-претседавач ќе биде високата претставничка и потпретседателка на Европската комисија, Фредерика Могерини.

На состанокот, како претставник на Европската комисија, ќе присуствува и комесарот за проширување и добрососедска политика, Јоханес Хан.

Вицепремиерот Османи на состанокот се очекува да го образложи Планот 3-6-9, неговата содржина, имплементација и очекуваните ефекти, како и да ги повтори заложбите на Република Македонија за затворање на сите отворени политички прашања и отстранување на сите пречки за реактивирање на евроинтегративните процеси.

Ќе биде побарана и конкретна поддршка за реформите, како и поддршка за обезбедување конкретни чекори од страна на Европската унија кои појасно би ја рефлектирале визибилноста на европската перспектива на Македонија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Мујо му раскажува па Суљо:
"Замисли, Суљо, со Хасо бевме во шумата кога почна страшно невреме. Отидовме кај него дома, ама дождот не престануваше, па останав да преспијам. И така...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Светски ден на Црвениот крст и на Црвената...
1688.- Роден е Ален Рене Лесаж, француски...
1794.- Во Париз умре Антоан Лавоазје, француски...
1828.- Во Женева е роден Жан Анри Динан,...