Заев - Бабиќ: Интензивирање на соработката меѓу Македонија и Босна и Херцеговина

Скопје, 20 јули 2017 (МИА) - Посетата на висока делегација предводена од премиерот Зоран Заев во сабота во Сараево ќе биде почеток на интензивирање на соработката помеѓу Македонија и Босна и Херцеговина, за што денеска претседателот на Владата разговарал со босанската амбасадорка во земјава Лепа Бабиќ.

- Констатирано е дека по формирањето на новата демократска Влада во Македонија се создадени услови за продлабочување на соработката во повеќе области, од интерес за граѓаните на двете држави. Станува збор за меморандуми за соработка што ќе донесат олеснувања за земјоделците и во областа на културата, соопшти владината прес-служба за средбата на Заев и Бабиќ.

Во периодот што претстои разгледани се можностите за договори околу меѓусебно признавање на возачките дозволи, овозможување на граѓаните на двете земји да влегуваат во државите со лични карти, поголема соработка во областа на образованието преку размена на студенти и професори, продлабочување на економската соработка преку формирање бизнис-клуб. Од двете страни сериозно се разгледува и можноста за отворање авиолинија на релација Скопје – Сараево.

Амбасадорката Бабиќ соопштила дека постои голем интерес од бизнисмени од Босна и Херцеговина за инвестирање во Македонија кои, како што е наведено во соопштението, во демократските промени во Македонија и најавените реформи на Владата гледаат услови за инвестирање во државава.

- Владата на Република Македонија и јас како премиер сме сериозно определени кон градење добрососедски односи и развивање на меѓународната соработка, затоа што тоа ќе придонесе кон квалитетен живот на граѓаните на Македонија. Исто така, преку добрата соработка, регионот испраќа порака дека постои посветеност и подготвеност за реализација на обврските потребни за евроатлантските интеграции, коишто се и наша заедничка иднина, рекол премиерот Заев.

Соговорниците се согласиле и дека стратешки интереси за Република Македонија и за Босна и Херцеговина, како и за целиот регион се целосна интеграција во Европската унија и во НАТО.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...