ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ да се повлече од Договорот со Бугарија

Скопје, 3 август 2017 (МИА) - СДСМ да се повлече од Договорот за добрососедство со Бугарија, побара денеска ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ смета дека Договорот е штетен и дека не ги почитува интересите на македонскиот народ и на Република Македонија, поради што, нагласува, нема да му даде поддршка.

- Договор со Бугарија треба да има, но еквивалентен во правата и обврските и во кој ќе се почитуваат националните и државни интереси на Република Македонија, подвлекува партијата.

Квалификувајќи ја како антинародна, неспособна и марионетска, ВМРО-ДПМНЕ истакнува дека Владата се уште има шанса да се повлече од Договорот.

- Тоа ќе биде најмал израз на почит кон македонскиот народ. Додека во Бугарија се слави потпишувањето, во Македонија има незадоволство и чувство на пораз, нешто што беше видливо и на прославите на националниот празник Илинден на Мечкин Камен и во Пелинце каде што имаше катастрофална, речиси непостоечка посетеност на народот на овие настани, посочува ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, СДСМ многу брзо ќе сноси политичка одговорност и уште на локалните избори ќе ја добие пораката на огорченост и незадоволство од народот.

- Се залагаме за пријателски и добрососедски односи со Бугарија и за пријателство меѓу македонскиот и бугарскиот народ, но овој Договор кој Заев го потпиша не ги почитува интересите на македонскиот народ и на Република Македонија и тоа е видливо и јасно, народот не го поддржува овој Договор, а стручната јавност има сериозни забелешки за неговиот текст.

СДС доколку се потрудеше и доколку имаше капацитет, желба и волја за работа, можеше да постигне подобар договор, кој ќе беше вистински израз на пријателство и соработка и со кој немаше да има чувство на победник и поразен, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жената ја спушта слушалката по телефонскиот разговор и мажот и и довикнува од дневната соба:
- Не можам да поверувам дека разговараше само половина час!
- Грешка беше!!!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1755.- На иницијатива на големиот руски научник,...
1833.- Во Хамбург е роден Јоханес Брамс,...
1838.- Францускиот сликар Луј Дагер го откри...
1840.- Во Камско-Воткинск е роден Петар Илич...