Ќе се подобруваат условите за работа на такси компаниите

Скопје, 9 август 2017 (МИА) - Владата заедно со Асоцијацијата на такси превозниците ќе се заложи за подобрување на условите за работа на такси компаниите. Ова е договорено на денешната средба во Владата на премиерот Зоран Заев и министрите за внатрешни работи и транспорт и врски, Оливер Спасовски и Горан Сугарески, со претставници на Асоцијацијата на такси превозници.
Како што информират од владината прес-служба, претставниците на асоцијацијата, во името на 53 такси компании од Република Македонија, ги истакнаа проблемите со кои се соочуваат во својата работа и побараа измени во постоечката законска регулатива и нејзино прилагодување на реалните состојби во такси превозот.

Премиерот Заев покажа разбирање за нивната иницијатива, изрази добра волја и подготвеност за соработка. Во таа насока предложи насоки како да се излезе во пресрет на изнаоѓање разумно решение за решавање на проблемите на такси превозниците и да се подобрат условите за работа на такси компаниите.

Претседателот на Владата ги повика и претставниците на асоцијацијата да земат активно учество преку постојана и интензивна комуникација за да придонесат со свои предлози во изработка на ефикасно и заедничко прифатливо решение.

Претставниците на Асоцијацијата на такси превозници во оваа прилика посебно ја истакнаа одличната соработка која што во континуитет ја имаат со Министерството за внатрешни работи.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...