Германска поддршка за спортот во Македонија

Скопје, 10 август 2017 (МИА) - Германското Министерство за надворешни работи ќе донира опрема на Македонското здружение за мечување, а по налог на Германскиот олимписки спортски сојуз во Франкфурт на Мајна, експертот за мечување, Рорик Јансен, престојува во Струга, за да одржи тренинг-камп во соработка со македонскиот партнерски сојуз.

- Целта на проектот е да се поддржат развојот и професионалноста на мечувањето како спорт во Македонија, особено во дисциплината „борба со меч“ и да се поттикне подмладокот, соопшти денеска Германската амбасада во Скопје.

Донацијата на германското МНР ќе биде предадена од страна на Германската амбасада во Скопје. Станува збор за мечеви, ракавици, маски за лице и торби за опрема за мечување. Обуката за мечување експертот Јансен треба да ја одржи за време на неговиот четиридневен престој во земјава, кој завршува утре.

Проектот се реализира во соработка со Националниот олимписки комитет (МОК), стои во соопштението.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...