ЦУК: Повторно е активен пожарот во близина на Трескавец

Скопје, 12 август 2017 (МИА) - Пожарот во близина на манастирот Трескавец и населените места Мажучиште, Мараморани и Горно Село, повторно е активен. Во правец на село Забрчани гори сува трева. На терен има екипа од ТППЕ-Прилеп и месно население, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Пожарот, пак кај местото викано Фрлогоец на Бистра Планина е се уште активен. Гори сува трева и смрека и ниско стеблеста деградирана дабова шума. На терен се наоѓа екипа на Шумското стопанство „Лопушник“ заради преземање одредени мерки за негво локализирање.
Од ЦУК посочуваат дека се уште се активни и пожарот во атарот на селата Растеш, Заград и Волче, каде гори дабова шума, смрека и висока сува трева. Во атарот на село Растеш во моментов се ангажирани лица од месното население, Шумското стопанство и лица од општина Македонски Брод.
- Пожарот во атарот на село Грешница во моментов е под контрола и обиколен со заштитен појас. Во средината гори деградирана нискостеблеста шума, смрека. На пожарот во атарот на село Грешница ангажирани се лица од Шумското стопанство Македонски Брод. Појавен е шумски пожар во планинскиот дел близу село Богојци кон правецот на село Татеши. Пожарот е активен и зафатена е нискостеблеста и дабова шума. На негово гаснење дејствуваат екипи на ТППЕ-Струга и ЈСШП Јабланица – Струга, соопшти ЦУК.
Пожарот кој во текот на вчерашниот ден од подрачјето на општина Прилеп навлезе на подрачјето на општина Чашка во атарот на селата Смиловци и Попадија, во делот на село Смиловци е изгасен. Во текот на денешниот вработени во Шумското стопанство Бабуна гасат во атарот на село Попадија. Опожарената површина е со сува трева и нискостеблеста шума.
Пожарот во атарот на село Галиште е активен. Исто така, пожарот во месноста Мушов Гроб е активен во карпест и непристапен реон. За негово гасење во текот на денот ангажирани се вработени на ШСумското стопанство Бор Кавадарци.
- Пожарот кај Гумалево (Дејковец), кој се протега над селото Дејковец кон село Гумалево е активен. Екипите и во текот на денешниот ден продолжуваат со активностите за негово гасење. Пожарот помеѓу селата Никиштани и Грачани е активен, каде гори мешана шума. Во гасењето на пожарот учествуваше и БППЗ на град Скопје, прецизираат од ЦУК.
Пожарот во близина на село Крушевица е се уште активен во високиот непристапен терен, каде е зафатена деградирана шума. Ангажирани се лица од ЈП „Црн Бор„-Прилеп и лица од месното население.
Пожарот кај село Никодин се уште е активен во уредена шума, во правец на село Фариш. Во гасењето ангажирани се вработени од ЈП МШ „Црн Бор„-Прилеп.
- Пожарот во село Гургурница, општина Брвеница, по вчерашните интервенции од страна на вработени во ЈП Македонски шуми, ДЗС Тетово, мештаните и 5-6 пати од воздух, е под контрола. Се работи на гаснење на сува трева и нискостеблести жбунести растенија. Вработените во ДЗС, Македонски шуми и мештаните, цела ноќ се на терен и го следат и контролираат огнот, порачуваат од ЦУК.
Пожарот во село Корито, општина Гостивар, каде е зафатена сува трева и нискостеблести жбунести растенија, е под контрола и будно се следи опожареното место, но не е целосно угаснат. Направен е појас околу огнот, за да не се шири.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...