Наредба за истрага против полицаецот кој пукаше во двајца малолетници

Скопје, 14 август 2017 (МИА) - Надлежен јавен обвинител од струмичкото Јавно обвинителство донел наредба за спроведување истражна постапка против полицискиот службеник кој повреди двајца малолетници со истрел од службен пиштол. - Полицаецот е осомничен дека сторил кривично дело – убиство од член 123, а во врска со член 19 од Кривичниот законик, се наведува во соопштението од Обвинителството.

За целосно расветлување на настанот, како што посочуваат од Обвинителството, јавниот обвинител ги очекува резултатите од наредените вештачења на траги и материјални докази пронајдени на местото на настанот, балистичките вешачења и анализите на трагите од барутни честички.

- Од сите инволвирани веднаш по инцидентот беа земени за анализа и примероци од крв и урина, како и парафински ракавици, истакнуваат од Обвинителството.

Оттаму посочуваат дека за осомничениот се предложени серија мерки на претпазливост – забрана за напуштање на местото на живеење, обврска за редовно јавување во суд, привремено одземање на патната исправа и забрана за вршење определени работни активности.

- Во меѓувреме, состојбата на потешко повреденото момче се подобрува. Тој и натаму се наоѓа на скопските клиники, но е стабилен и свесен и во моментов не се наоѓа во животозагрозувачка состојба, информираат од Обвинителството.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...