Заврши седмиот и последен летен камп по веронаука

Дебар, 21 август 2017 (МИА) - Во македонското древно светилиште Бигорскиот манастир и неговиот метох „Свети Георгиј Победоносец“ во дебарското село Рајчица, заврши седмиот и последен летен камп во веронаука.
Последни манастирски гости за ова лето беа четириесеттина деца од Гоствар и од Прилеп.
- Животот навистина може да биде поубав, порадосен, поспокоен, поведар кога во наша близина се најмладите, кои со својата боголика, чиста и весела душа можат нашите мигови да ги исполнат со неизмерно богата духовна содржина. Нивната непосредна љубов, топлина, кроткост и незлобливост насекаде внесуваат атмосфера на безгрижност, среде грижите од овој свет, парче од земниот рај во кое сите ние, заедно со децата, навистина можеме поодблизу и поедноставно да го запознаеме Бога и барем во мала мера да ја почувствуваме атмосферата на небесниот Рај, вели сестра Ефимија од Раичкиот манастир.
А на децата, како што самите велат, во двата божји храма привлечно им било се и богослужението, и Светите таинства, и разговорите, и учењето, и дворот, градината, кујната, прошетките, па дури и чистењето – за нив сè претставува небесно искуство.
- Благодарение на нашиот Старец, Архимандрит Партениј, и ние монасите, заедно со децата, во уште поголема мера ја чувствуваме небесната љубов и радост, зашто имаме можност секој ден духовно да се насладуваме од онаа волшебна искра во срцата на младите, кои се учат да растат во вистинска слобода, та гледајќи ги како силно се трудат да пораснат во здрави личности, веруваме и надеж негуваме, дека тие навистина се светла иднина на нашата Црква, посочуваат од Бигорскиот манастир.
Пред испраќање, Отец Партениј уште еднаш ги посоветува да бидат проповедници на љубовта Божја, апостоли меѓу нивните другарчиња и роднини, на кои, преку добрите дела и радоста, ќе им покажат дека Бог навистина е љубов.
Инаку, во рамки на седумте летни кампови во двата манастира престојуваа повеќе од 300 деца од повеќе градови од државава. Тие се запознаваа со највозвишената наука за Бога, знаењето за љубовта, верата, надежта, радоста, а учествуваа и во практични манастирски задолженија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...