Исчезнат 31-годишниот Драган Ѓеоргиевски од Делчево

Делчевската полицијата апелира доколку некој од граѓаните има каква било некаква информација за исчезнатиот Даниел Ѓеоргиевски (31) од Делчево да ја информираат најблиската полициска станица или да се јават на телефоните 075 691-669 и 075 859-063.

Ѓеоргиевски е пријавен за исчезнат на 17 август. Според информациие од СВР Штип, тој утрото на 17 август заминал од дома и оттогаш му се губи секаква трага.
- Неговото исчезнување го пријавил неговиот брат, а полицијата ги презема сите потребни мерки за негово пронаоѓање, истакнува Гордана Панајотова портпарол на СВР Штип.

Според информацијата од семејството, Даниел живеел сам со двајца браќа по смртта на нивните родители, а утрото кога заминал од дома бил облечен во црвен дрес, фармерки и влечки.

- Ние секојдневно се организираме и пребаруваме по теренот каде обично се движеше Даниел кој овој период собираше и смерка и ја продаваше на откупните центри, велат од семејството.

Потрагата по исчезнатиот Даниел е втора за еден месец на територијата на Делчево и Македонска Каменица. Пред точно еден месец на Руен исчезна 47-годишниот Ацо Јовановски, лице со посебни потреби од Македонска Каменица.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...