Намален бројот на првачиња во Крива Паланка

Крива Паланка, 21 август 2017 (МИА) - Во кривопаланечките основни училишта годинава во прво одделение се запишани 28 ученици помалку во однос на минатата учебна година. Од четврти септември вкупно 184 првачиња ќе посетуваат настава во учебната 2017 / 2018 година.

Во основно општинско училиште „Илинден“ бројот на првачиња е драстично намален во однос на претходната учебна година, кога наставниот процес го следеле 101 првооделенец, додека во 2017/2018 година се запишани само осумдесет.
- Во централниот објект на ООУ „Илинден“ настава ќе посетуваат 50 првачиња, додека останатите 30 ќе учат во подрачните училишта во село Конопница и село Мождивњак. Бројот на новозапишани првачиња е помал бидејќи генерациски е помал бројот на дечиња родени 2011 година кои гравитираат во реонот на објектите на ова училиште, изјави директорот Оливер Дејановски.

Во основното општинско училиште „Јоаким Крчовски“ запишани се 104 ученика. Од вкупно запишаните, 94 ќе посетуваат настава во матичното училиште, а другите десет во подрачните училишта.
Бројот на запишани првачиња во Јоаким Крчовски е зголемен за три споредено со лани.

Настава во прво одделение од септември 2017 година ќе посетуваат дечиња родени 2011 година или поточно сите деца кои ќе наполнат пет години и осум месеци заклучно со 31 декември годинава. Во минатата учебна, 2016/2017 година во двете основни училишта во Крива Паланка имало 202 првачиња.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...