Дачиќ: Персоналот се враќа следната недела, амабасадорката подоцна

Белград, 21 август 2017 (МИА) - Првиот потпретседател на Владата и министер за надворешни работи на Србија Ивица Дачиќ, изјави денеска дека Белград ќе ги преземе сите мерки да ги заштити српските интереси во Македонија и истовремено ќе ги преиспита способностите и капацитетите за извршување на работите на Амбасадата во Скопје во актуелните услови.

- Веќе следната недела, по состаноците што ќе ги имаме овде и разговорите со претседателот Александар Вучиќ, дел од персоналот на Амбасадата ќе биде вратен во Скопје, а амбасадорот ќе се врати подоцна кога ќе ги завршиме сите консултации што треба да ги направивме овде во Белград, вели Дачиќ во изјава за Танјуг.

Според него, вработените во Амбасадата на Србија во Македонија се повелечени бидејќи „недвосмислено со јасни докази е утврдено засилено офанзивно дејствување кон Република Србија“ во кое, како што вели, е присутен и странски фактор.

- Ќе преземеме мерки за да се подготвиме за работа во едно такво опкружување, рече Дачиќ, нагласувајќи оти Србија сака добри односи со Македонија.

Посочи дека на оваа тема денеска разговарал со претседателот Вучиќ и со српската премиерка Ана Брнабиќ.

Дачиќ вели дека српското МНР вчера го известило МНР на Македонија за повлекувањето на целокупниот персонал од Амбасадата во Скопје на консултации во Белград.

- Ние недвосмислено сакаме добри односи со Македонија. Сакаме да градиме добри односи затоа што сме соседи, затоа што имаме многу заеднички интереси и затоа што сме два блиски народа. Но, наша обврска е да ги заштитиме нашите интереси и во согласност со тоа ќе ги применуваме основните дипломатски принципи во меѓуанродните односи, односно принципот на реципроцитет во сите области, изјави Дачиќ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува човек во кафана и прашува:
- Кој е овде посилен од мене?
Стануваат тројца батки:
- Ние сме!
- Е па, дојдете да го бутнеме југово.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Роден е францускиот крал Анри Втори, татко...
1563.- Со мировен договор во Амбоаза заврши...
1628.- Англичаните во Америка ја основаа...
1629.- Роден е рускиот цар Алексеј Михајлович...