Блокада за депонирање на комуналниот смет од тетовските општини

Гостивар, 22 август 2017 (МИА) - Жители од неколку села кои гравитираат околу депонијата Русино, синоќа го блокираа транспорот и депонирањето на комунален смет од тетовскиот регион. Тие се незадоволни од непочитувањето на нивните барања кои претходно беа договорени со локалните самоуправи од полошкиот регион.
Од синоќа пред полноќ, жители на Сушица, Симница, Ѓоновица, Долна и Горна Бањица поставија барикади од автомобили, камиони и земјоделска механизација и не ги пропуштија камионите кои требаше да истоварат смет на депонијата.
- Не се почитува договорот. Камионите требаше да се движат во ноќните часови по локалниот пат, а не преку целиот ден. Ниту едно од нашите барања, на чие исполнување градоначалниците се обврзаа со договор, не е исполнето. Нема да ги пропуштаме камионите, тоа е ставот на повеќе месни заедници, беше кажано на протестниот собир.
Блокадите според најавите ќе продолжат и денеска, со што ќе биде оневозможено депонирањето на комуналниот смет од тетовскиот регион.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...