Министерството за финансии го објави Граѓанскиот буџет

Скопје, 23 август 2017 (МИА) - Министерството за финансии изработи и објави Граѓански буџет во кој на начин близок до широката јавност, се претставени клучните информации од Буџетот на државата. Целта на изработување, како што информираат од Министерството, е за државниот буџет да биде подостапен и транспарентен за граѓаните.
Граѓанскиот буџет, појаснуваат, не е замена за деталниот буџет на државата, туку претставува приказ преку кој секој граѓанин во рок од пет минути може да ги дознае плановите за управување со јавните финансии.

- Граѓанскиот буџет е една од алатките со кои Министерството за финансии ја отвора транспарентноста и отчетноста на јавните финансии. Ние сметаме дека целосниот увид на јавноста во тоа како се трошат парите на граѓаните е важен чекор напред во спречување на злоупотребите од страна на носителите на власта. Истовремено, нашата намера е преку зголемување на информираноста на јавноста да влијаеме на посилно вклучување на граѓаните во креирање на владините програми и политики, вели во предговорот министерот за финансии Драган Тевдовски.

Од Министерството за финансии најавуваат дека следниот Граѓански буџет ќе се објави со предлог Буџетот за 2018 година и изработката на овој документ ќе стане пракса и во иднина.

- Буџетот го финансираат граѓаните и фирмите и тие се негови директни и индиректни корисници. Буџетот е од граѓаните – за граѓаните, затоа секој треба да има пристап и увид во него, стои во соопштението.

Граѓанскиот буџет може да се преземете на следниот HYPERLINK "http://www.finance.gov.mk/mk/node/6597#overlay-context=" линк.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува човек во кафана и прашува:
- Кој е овде посилен од мене?
Стануваат тројца батки:
- Ние сме!
- Е па, дојдете да го бутнеме југово.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Роден е францускиот крал Анри Втори, татко...
1563.- Со мировен договор во Амбоаза заврши...
1628.- Англичаните во Америка ја основаа...
1629.- Роден е рускиот цар Алексеј Михајлович...