ВМРО-ДПМНЕ: СЈО се меша во локалните избори

Скопје, 24 август 2017 (МИА) - СЈО директно се меша во претстојните локални избори и се обидува да влијае на резултатите, сметаат од ВМРО-ДПМНЕ.

Доказ за тоа, според партијата, е тоа што, како што посочуваат, СЈО без никаков аргумент во предметите тенденциозно опфатил двајца членови на Државната изборна комисија и пет судии на Управниот суд.

- На петте судии веќе им е симнат и имунитетот. Направен е преседан. Се води кривична постапка против нив само заради судско убедување. Заднината на овој преседан е друга. Токму Управниот суд треба да одлучува по жалбите околу изборниот процес и на овој начин, преку СЈО, СДС испраќа порака и ги застрашува судиите кои би одлучувале, но и го ограничува, односно намалува бројот на судии кои ќе постапуваат, рече на денешната прес-конференција Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ.

Додаде дека треба да се има предвид дека ДИК е институцијата која ги спроведува изборите и одлучува за нивната регуларност и до која политичките партии поднесуваат приговори за изборни нерегуларности и која одлучува дали некаде ќе се прегласува.

Со ставање под контрола на ДИК и Управниот суд, рече Ѓорѓиевски, се отвора патот да се местат локалните избори и да се изигра волјата на граѓаните.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на слободата на печатот
1469.- Во Фиренца е роден Николо Макијавели,...
1492.- Кристифор Колумбо го откри островот...
1500.- Португалскиот морепловец Педро Алварес...