Претседателот Иванов упати честитка за победата и пласманот на ФК „Вардар“ во Лига Европа

Скопје, 25 август 2017 (МИА) - Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов им ја честита победата и пласманот во Лигата на Европа на фудбалскиот клуб „Вардар“.

- Ви ја честитам победата, историскиот успех на екипата на ФК Вардар и пласманот во групната фаза од Лигата на Европа, што е најголемо постигнување за македонскиот клупски фудбал. Честитки до фудбалерите, целиот стручен штаб и до раководството на ФК Вардар.

Вие со вашата мотивираност, дисциплина, желба и тимски дух покажавте дека може да се успее и да се совладаат најголемите предизвици. Вие сте позитивен пример за сегашните и идните генерации. После ракометарите и ракометарките на Вардар, повторно екипа која го носи ова славно име, ја обедини нацијата и спортската јавност. Сега слави цела Македонија. Напред Вардар, се вели во честитката.

Од Кабинетот на претседателот Иванов информираат дека македонскиот претседател синоќа во Охрид, заедно со учесниците на Школата за млади лидери, го проследил натпреварот меѓу ФК Вардар и Фенербахче.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...