|
|
Тепачка меѓу патници во автобус на ЈСП, повредено 18 годишно момчеОсумнаесетгодишно момче синоќа е повредено со нож во тепачка помеѓу патници во автобусот на Јавното сообраќајно претпријатие, кој сообраќа кон село Бојане.
Како што соопшти МВР, вчера околу 19:45 часот на ул. „Ѓорче Петров“ во Скопје, во автобус бр.56 на Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП), кој сообраќа на линијата кон село Бојане, бил нарушен јавниот ред и мир со тепачка помеѓу патници во автобусот.
По интервенција на полициски службеници, во полициска станица бил приведен Р.Р. (20) од село Арнакија, кај кого бил пронајден нож.
Во тепачката бил повреден С.Ф. (18), кој имал расекотина на раката. Била повикана Итна медицинска помош, која по укажување на лекарска помош го пуштила лицето на домашно лекување.
Полициска станица Ѓорче Петров презема мерки за целосно расчистување на настанот.
|
|
|
|
|
|
|
|
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
Powered by MagnumPRO |
|
|
Виц на денот |
|
Се фали Трпе пред другарите: - Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака! Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По... |
|
|
|
Состојба на патиштата |
|
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.
ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.... |
|
|
|
Верски календар |
|
|
|
|
На денешен ден |
|
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...
|
|
|
|