|
|
|
Берово со двајца кандидати во трката за градоначалникБерово, 19 септември 2017 (МИА) - Во ОИК во Берово потврдени се две листи за кандидати за градоначалник и две листи за кандидати за членови на Советот на Општина Берово кој брои 15 лица. Мишо Догазански претседател на ОИК Берово истакна дека доставени се листи за кандидат за градоначалник и две листи за членови на Советот од партиите СДСМ со коалицијата и ВМРО ДПМНЕ со коалициските партии. - Кандидати за градоначалник се Ѕвонко Пекевски од СДСМ со коалиција од 20 партии и Никола Атанасов од ВМРО ДПМНЕ со коалиција од 19 партии. Исто така, овие две партии со нивните коалиции доставија и советнички листи и сите се потврдени и внесени во системот. Во Берово за претстојните локални избори нема да има независни кандидати за градоначалник и независна листа за советници, истакна Догазански. Тој информираше дела во тек е дооформување на избирачките одбори. -Во избирачките одбори имаме промени за десетина лица, дел од ннив се во пенизја или со лекарско уверение, па побарано е од ДИК да се изврши нивна замена, додека предлозите од партиите за членови на изборачкиот одбор се во ред, рече Догазански. Во Општина Берово на овие локални избори ќе има 16 избирачки места од кои во градот Берово 7 и 9 во селските средини.
|
|
|
|
|
|
|
|
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
Powered by MagnumPRO |
|
|
Виц на денот |
|
Две плавуши прават муабет за култура. - Си го гледала оној филмот ТИТАНИК? - Да, да , и тоа три пати. - А која сцена ти остави највеќе впечаток. - Онаа кога беа на бродот.
|
|
|
|
Состојба на патиштата |
|
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.
ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.... |
|
|
|
Верски календар |
|
|
|
|
На денешен ден |
|
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
|
|
|
|