Димитров во Њујорк на работен појадок со колегите од Западен Балкан и Хан

Њујорк, 21 септември 2017 (МИА) - Министерот за надворешни работи Никола Димитров на маргините на Генералното собрание на Обединетите нации учествуваше на работен појадок на министрите за надворешни работи од Западен Балкан, комесарот за европска соседска политика и проширување Јоханес Хан и генералниот секретар на Регионалниот совет за соработка Горан Свилановиќ.

На средбата, како што соопшти МНР, било разговарано за регионалната соработка, како и за активностите во насока на исполнување на преземените заложби од Берлинскиот процес.

Министерот за надворешни работи имаше и обраќање на 10-та Конференција за олеснување на влегување во сила на Сеопфатниот договор за забрана на нуклеарни проби (СТВТО).

Министерот меѓу другото силно ги осуди активностите на Северна Кореја во насока на спроведување на својата нуклеарна и ракетна програма.

Се разговараше за регионалната соработка, како и за активностите во насока на исполнување на преземените заложби од Берлинскиот процес.

Димитров оствари и повеќе билатерални средби и куси видувања, меѓу кои и со министерот за надворешни работи на Андора Мариа Убач Фонт и генералниот секретар на ОБСЕ, Томас Гремингер.
На средбата со министерката Мариа Убач Фонт, организирана во насока на запознавање на двајцата министри стана збор за сличностите кои ги поврзуваат двете земји, како мултикултурниот карактер на општествата, за реформските преземања и амбиции на владите, состојбите во нивните регионални опкружувања, како и за соработката на мултилатерален и билатерален план.

Притоа министрите заемно си упатија покана за посета на земјите, а во насока на унапредување на билатералната соработка.

За време на средбата со генералниот секретар на ОБСЕ Гремингер, беа разменети мислења за состојбите во Република Македонија во изминатиот период, а исто така беа разгледани актуелните и планираните реформски преземања на македонската Влада.

Генералниот секретар Гремингер изрази силна поддршка од страна на Организацијата и понуди помош во рамки на мандатот на ОБСЕ, имајќи предвид прикажаниот нов елан и ентузијазам земјата да се врати на вистинската демократска насока.
Беа дискутирани состојбите во регионот, улогата на теренските мисии на ОБСЕ, претстојната агенда на Димитров поврзана со ОБСЕ, при што беше упатена покана до Гремингер за посета на земјата.

Димитров имаше работна вечера со својот грчки колега Никос Коѕијас, на која беше разговарано за мерките за градење на доверба и процесот за надминување на разликите околу името.

Како што соопшти МНР Димитров во придружба на премиерот Зоран Заев присуствуваше и на приемот во организација на премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ по повод 25 годишнината од членството на Хрватска во ОН.

Македонската делегација, предводена од премиерот Зоран Заев, а составена од Димитров и министерот без ресор, задолжен за дијаспората Едемонд Адеми учествува на Генералната дебата на 72-то Генерално собрание на ОН.

Заев утре ќе има обраќање на генералната дебата на Генералното собрание.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...