Апостолска: Компании од САД, Кина, Индија, ... заинтересирани за инвестирање во Македонија

Скопје, 22 септември 2017 (МИА) - Преку десет странски компании од Грција, Италија, САД, Кина, Индија, Турција и Романија се сериозно заинтересирани за инвестирање во Македонија, соопшти денеска министерката без ресор, за привлекување странски инвестиции Зорица Апостолска.

На заедничката прес-конференција со министерот за економија Крешник Бектеши во Владата, Апостолска информира дека изминатите 100 дена остварила контакти со менаџерските тимови на компаниите кои се главно, рече, од автомобилската индустрија, образованието, финансискиот сектор и енергетиката.

Министерката подвлече дека транспарентноста, еднаквиот третман и поддршката врз основа на остварени резултати остануваат приоритет во владината политика кон странските и домашните инвеститори.

Како што посочи, на континуирани средби со странските инвеститори во Македонија јасно е искажана определбата на Владата за соработка.
- Сите инвеститори се добредојдени. Ги охрабруваме својот капитал да го реализираат тука. Владата продолжува со безрезервната поддршка во овој сегмент, потенцира Апостолска.

Давајќи отчет за сработеното, напомена дека инвестициските можности на Македонија се презентирани пред германските стопански комори и компании, пред потенцијалните италијански инвеститори од Пуља, еден од поразвиените региони на Италија, како и пред холандските вложувачи.

Стопанската комора од северна Грција е поканета на средби во Македонија и на форум за млади претприемачи од двете држави, а со претставници на Кинеската банка за развој е разговарано за нови проекти од областа на инфраструктурата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...