Трка во Липково организирана од Центарот за интеркултурен дијалог

Куманово, 23 септември 2017 (МИА) - Млади, средношколци од општините Куманово, Липково и Старо Нагоричане денеска ќе учествуваат на трка која ја организира Центарот за интеркултурен дијалог во рамки на проектот „Поттикнување на меѓуетнички дијалог”. Ова е прва од трите планирани трки, а младите ќе имаат можност да трчаат помеѓу селата Слупчане и Липково.
- Во рамки на проектот ЦИД организираше четири работилници за млади во Охрид, во април и мај со цел воспоставување простор за меѓукултурен дијалог кај младите преку заеднички активности кои можат да се одразат во секојдневниот живот во различните заедници во градот. Работилниците беа наменети за средните училишта во градот и во фокус го имаа надминувањето на стереотипите и предрасудите на различни култури, исто така дел од програмата се фокусираше и на младинско учество со цел мотивирање на младите да бидат активни чинители во нивната средина, изјави проектниот координатор Нами Исаки.
Втората трка ќе се одржи на 30-ти септември во Старо Нагоричане, помеѓу селата Пелинце и Старо Нагоричане и последната во Куманово. Во рамки на трките истовремено ќе се одржи и младинска размена во во трите општини, која има за цел да ги обучи младите во спортските активности што се одржуваат во овие општини.
Проектот се спреведува од Центар за интеркултурен дијалог од Куманово заедно со здружението Пројект 2020 ЦИЦ од Велика Британија. Активносите од овој проект се поддржани од страна на Мисијата на ОБСЕ во Скопје.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...