МВР ги демантира информациите за нови сообраќајни правила и казни

Скопје, 5 октомври 2017 (МИА) - Министерството за внатрешни работи ги демантира денешните информации објавени во некои портали за нови сообраќајни правила и казни.
- Станува збор за преработена информација по однос на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата од октомври 2015 година кога всушност и беа направени споменатите измени во овој закон, а која што тогаш беше презентирана на македонската јавност од страна на Министерството за внатрешни работи. Таа информација овој пат е „прекроена“ и ставена во актуелниот контекст сугерирајќи некаква нова казнена политика и сообраќајни правила, појаснува МВР.
Оттаму апелираат до сите медиуми и медиумски работници да ги почитуваат професионалните стандарди и етика, бидејќи ваквиот начин на работа, како што велат, освен дезинформирање на јавноста, никому не му е од полза.
- МВР во изминативе неколку месеци покажа на дело дека е силно посветено на транспаретноста и отчетноста во своето работење, а пристапот, односно комуникацијата со сите медиуми е отворена и во интерес на медиумите и во интерес на јавноста, се вели во демантот.
Од МВР истакнуваат дека во моментот во однос на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата постојат предлози за донесување на поквалитетни нормативни измени и оти тие се разгледуваат во рамки на стручните служби на Министерството, а се однесуваат на делот на сообраќајната обука, увидните процедури и прекршочното процесуирање.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...