Јавна дебата за нацрт-стратегијата за развој на културата 2018-2022

Скопје, 18 октомври 2017 (МИА) - Министерството за култура денеска во Музејот на современа уметност од 10 часот ќе организира јавна дебата за нацрт-стратегијата за развој на културата на Република Македонија за периодот од 2018 до 2022 година.
Дебатата ќе има општ воведен дел во кој е најавено обраќање на заменик-министерот за култура Владимир Лазовски, а советникот Златко Теодосиевски ќе ја претстави подобрената верзија на првичниот нацрт на стратегијата за културен развој 2018-2022.
Потоа, сите присутни во неколку панел групи по дејности ќе може да ги споделат своите идеи околу идната стратегија во културата за наредните пет години.
- Покрај дебатата, за сите апликанти на Конкурсот за Годишната програма за проекти од национален интерес во областа на културата за 2018 година ќе има инфо-штанд каде што заинтересираните ќе може да ги споделат своите искуства и да постават прашања за апликациите, соопшти Министерството за култура.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...