СЈО достави разговор меѓу Јанкулоска и Мијалков како доказ за „Сопот“

Скопје, 18 октомври 2017 (МИА) - Специјалното јавно обвинителство на денешното рочиште за „Сопот“ предложи снимка од телефонски разговор меѓу поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, за која вели дека е поврзана со случајот.
СЈО бара снимениот разговор да се користи како доказ во постапката, зашто може да придонесе да се утврдат фактите за случајот „Сопот“.
Одбраната на обвинетите, пак, најави дека ќе побара како сведоци во постапката да бидат повикани Јанкулоска и Мијалков бидејќи смета оти нивните искази се клучни за утврдување на вистината.
СЈО бара како сведоци пред судот да бидат повикани и шестмина вработени во УБК.
Шест од десеттемината обвинети, на денешното рочиште се изјаснија дека остануваат на претходно дадените изјави пред судот. Четворица обвинети се недостапни.
Судењето ќе продолжи на 23 ноември до кога одбраната треба да ги разгледа новите докази, а судот да реши дали ќе ги прифати.
Случајот „Сопот“ е од 2003 години, кога двајца полски војници и еден македонски државјанин загинаа, откако теренско возило на НАТО нагази на мина. Во овој случај десет лица се осудени за тероризам. Тие се товарат дека подметнале експлозивна направа на локалниот пат Сушево - Сопот.
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во јули годинава му го предаде предметот „Сопот“ на СЈО, откако во јавноста беа објавени разговори на владини функционери поврзани со овој случај.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...