Стоп за трговијата со луѓе со акцент на спречување на трудовата експлоатација

Скопје, 18 октомври (МИА) - Спречување на трудовата експлоатација ќе биде во фокусот на годинашното одбележување на 18 октомври - Европскиот ден за борба против трговијата со луѓе.
Министерството за труд и социјална политика во соработка и заеднички акции со Министерството за внатрешни работи, во кои се вклучуваат трудови инспектори, има откриено случаи на потенцијални жртви на трговија со луѓе со цел трудова експлоатација, информира на денешната прес-конференција Елена Грозданова, член на Нациоаналната комисија за борба против илегална трговија со луѓе и секретар во Министерството за труд и социјална политика. Грозданова не посочи за колкав број случаи станува збор.
Таа заедно со националната координаторка за борба против трговија со луѓе и илегална имиграција Магдалена Несторовска и Марија Илиќ од Модниот викенд во Скопје, на денешната прес-конференција ги најавија активностите по повод Европскиот ден за борба против трговијата со луѓе и вклучувањето на Модниот викенд, кој оваа година ќе биде одржан под мотото Стоп за трговија со луѓе.
Грозданова напомена дека моментно во Македонија има над сто трудови инспектори, кои во рамки на проект со Советот на Европа минале обука за препознавање жртви на трговија со луѓе со цел трудова експлоатација.
Таа додаде дека сепак смета оти таа бројка не е доволна и оти ќе се зголемува со претстојните реформи во МТСП и во Советот на инспектори, кој сега има надлежност и врз трудовите инспектори.
Несторовска најави исклучително богата програма за подигнување на свеста за оваа појава со учество на парнертите на Националниот комитет, како што се канцеларијата на Советот на Европа, УНХЦР, Модниот викенд во Скопје.
- Осумнаесети октомри е само еден ден, на кој се обидуваме целата јавност да биде анимирана за оваа девијантна појава. Но, Националната комисија како владино тело се обидува на едно место да собере повеќе субјекти и невладини организации. Ова е исклучителна девијанта појава, која од минатото до денес постојано ги менува формите и појавните облици. Криминалците имаат модус вивенди, кој постојано го прилагодуваат на новите услови, нагласи Несторовска.
Таа додаде дека вниманието оваа година во рамки на борбата против трговијата со луѓе ќе биде свртено кон нешто што се повеќе се профилира како доминантна појава на глобално ниво, трудовата експлоатација.
- Оваа појава на криминалците им овозможува преку трговијата со луѓе и злоупотребата на едно од основните човекови права, правото на работа и стопанисување да остварат огромен профит, рече Несторовска.
Грозданова изјави дека потребно е да се зајакнат мерките не само за откривање на сторителите на овие дела, туку и и превенција и заштита на жртвите, кои во најглолем број се жени и малоетни девојчиња, а во земјава во најголем дел се малолетни девојчиња.
Модниот викенд, како што најави Илиќ, оваа година ќе се одржи од 22 до 25 октомври и тој ќе биде одбележан со кампањата Стоп на трговијата со луѓе.
Оваа година посетителите на модниот викенд ќе имаат можност да проследат 14 ревии и мултимедијални презентации.
- Мошне е важно да знаеме дека никој не е експлоатиран во ланецот на текстилната индустрија и дека она што го носиме е изработено во фер работни услови, додаде Илиќ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...