Во два одделни случаи повредени три лица на кејот на Вардар

Во два одделни случаи на кејот на реката Вардар биле нападнати и повредени две лица во тепачка со поголема група, а едно било повредено со нож од страна на две лица. 

Тепачката се случила вчера околу 20:45 часот кога В.Ј.М.(19) и А.Г.(18) биле физички нападнати од поголема група лица облечени во дуксери со качулки.
Повредените се здобиле со телесни повреди поради што со возило на Итната медицинска помош се пренесени во Градската општа болница „Наум Охридски“ каде по укажаната лекарска помош, се пуштени на домашно лекување.

Во вториот случај нападнат е 22-годишниот Д.М. од Трубарево кој се здобил со убодна рана на левата страна од градниот кош. Тој на улицата „Кеј 13-ти Ноември“ бил физички нападнат од две непознати лица од кои едното употребило нож.

Од страна на лекар во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ констатирани му се телесни повреди и тој е пуштен на домашно лекување. Случајот во полиција е пријавен од страна на Градската општа болница вчера околу 16:30 часот.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случаите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...