Грујевски и Бошковски побарале азил во Грција

Денешното рочиште во судот во Солун на кое требаше да се појават поранешниот началник на Петтата управа, Горан Грујевски и вработениот во УБК, Никола Бошковски, е одложено за 17 мај 2018 поради тоа што еден од обвинетите од групата мигранти, во кои се и двајцата бегалци од Македонија, не бил уредно поканет од страна на судот, потврди за МИА нивниот адвокат Петар Василев.

Василев потврдува и дека Грујевски и Бошковски поднеле барање за политички азил во Грција.

По Грујевски и Бошковски македонските власти имаат распишано меѓународни потерници, а грчките власти ги товарат за поседување лажни патни исправи.

Тие претходно два пати беа изведени пред Судот во Солун, но рочиштата беа одлагани бидејќи грчкиот суд не можеше да обезбеди преведувач од македонски на грчки јазик и обратно.

Грујевски и Бошковски беа уапсени од грчката полиција на аеродромот во Солун на 18 октомври, при обид со лажни бугарски пасоши да заминат со авион за Будимпешта.

Тие се обвинети од Специјалното јавно обвинителство за нелегално прислушување и за уништување на системите за прислушување, случаи познати како „Тврдина“, „Таргет“ и „Тврдина 2“. Македонските власти на 6 номври ја доставија документацијата за нивна екстрадиција од Грција.

На 13 декември Солунскиот суд треба да одлучи дали ќе го прифати барањето тие да бидат екстрадирани во Македонија.

Грујевски и Бошковски во меѓувреме остануваат во притвор во Солун.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...