Климата е комплетно сменета, има позитивни пораки, се чека предлог од Нимиц

Датумот за продолжување на разговорите е веќе дефиниран. Контактите со грчкото Министерство за надворешни работи се интензивни, но и на други нивоа се обидуваме да ги зајакнеме мерките за градење доверба бидејќи тоа создава амбиент за решавање на спорот, изјави потпретседателот на владата задолжен за евроинтеграциите Бујар Османи на конференцијата „Иднината на Берлинскиот процес“ во Скопје.

Османи смета дека во услови на реципрочни провокации меѓу државите не може да очекуваме решение.

-Сметам дека климата е комплетно сменета, пораките од двете страни се позитивни и сега го чекаме предлогот на медијаторот Нимиц. Се очекува од него да има конкретен предлог што ќе биде основа да можеме да изградиме внатрешен консензус и потоа да изнајдеме решение, изјави Османи.

На прашањето дали очекува дека е можно да има решение на спорот следната година, вицепремиерот појасни дека негова задача, како координатор за европски прашања, е да биде оптимист и да ги притиска институциите.

-Националниот консензус е многу важен, историската одговорност на секој од нас е многу важна. Дали ќе го искористиме овој процес на можности, овие четири недели и наредните шест месеци ќе зависи од нас, смета тој.

Османи смета дека поддршката од опозицијата ќе има влијае во процесот на решавање на името и оцени дека оваа агенда е надпартиска, надиндивидуална и надетничка.

- Ова е историска шанса за сите да ја зграбиме за да може да направиме напредок во делот на европските интеграции. Опозицијата е свесна за ова и нема да дозволиме дневно политичките прашања да влијаат врз прашањето на името, .

Во врска со тоа дали сегашните протести на опозицијата се на некој начин притисок врз независноста на судството, Османи рече дека протестите се легитимно право на граѓаните и тоа можат да го прават се додека тие не се насилни и не нарушуваат нечиј друг живот. Меѓутоа, граѓаните имаат право да кажат свое мислење и во однос на одлуките на судот и тоа ќе биде дозволено.

-Не смееме да се мешаме во одлуките на судот и судовите повеќе не ги интересира политичката агенда. Кога би избирал меѓу тајмингот на овие случувања во однос на евроинтегративните процеси и независноста на судството, би ја избрал независноста на судството.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...