Продолжува амандманската расправа за законот за јазиците

Членовите на собраниската Комисија за европски прашања денеска во 13 часот ќе ја продолжат амандманската расправа за Предлог-законот за употреба на јазиците.



Претседателот на Комисијата Артан Груби вчера прво најави дека за амандманите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе се расправа на 25 декември, кога ќе биде третиот и последен ден за расправа по амандманите. Но, подоцна, излезе со соопштение дека, сепак, третиот ден од амандамнската расправа ќе се одржи денеска.

На вчерашното продолжение министерот за правда Билен Саљији одби еден од амандманите на Беса. Седницата на Комисијата беше прекината откако претседателот на Комисијата Груби не им даде можност за процедурална забелешка на пратениците од Беса по одбивање на амандманот, туку зема збор по што пратениците од оваа партија почнаа да тропаат по собраниските клупи. Фадил Зендели излезе на говорницата и се обиде да го надвика Груби, по што седницата беше прекината.

Груби, пак, во изјава за медиумите кажа дека седницата нема да продолжи бидејќи не се создадени услови за продолжување на амандманската расправа, и дека пратениците на Беса покажале непознавање на собранискиот Деловник.
Фадил Зендели од Беса го обвини Груби дека организирал манипулации за оневозможување на реална дебата по однос на предлог-законот и не дозволил да го образложат поднесениот амандман што беше одбиен.

Пратениците од опозицијата, како што најавија, не присуствуваат на седницата на Комисијата, а се очекува тие да се вклучат во работата на Парламентот по конгресот на ВМРО-ДПМНЕ предвиден за 23 декември.
Најголем дел од 90. амандмани за Предлог законот за употреба на јазиците 84 има поднесено ВМРО ДПМНЕ, 4 СДСМ и 2 БЕСА.

Во Собранието на Република Македонија денеска ќе заседаваат и комисиите за здравство, за надворешна политика и Законодавно-правната комисија.
Комисијата за здравство денеска организира јавна расправа на тема „Предлог-закон за изменување на Законот за заштита од пушењето“.
Пред Комисијата за надворешна политика е Предлог-законот за рестриктивни мерки, во второ читање и повеќе ратификации.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...