Министерот Фазлиу ги посети волонтерите на Мировниот корпус во Теарце

Скопје, 18 декември 2017 (МИА) - Двајцата волонтери на Мировниот корпус кои една година престојуваат во општина Теарце, воспоставија одлична соработка со локалното население, се интегрираа и создадоа блиски релации. Ако сите пристапиме на ист начин во градењето на односите меѓу луѓето, без ограничувања, и ако секој направи нешто корисно за локалната заедница, барем педесет отсто од проблемите ќе бидат решени, рече министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу.
Фазлиу денеска, во придружба на директорот на Мировниот корпус Марк Ханафин, имаше средба со градоначалникот и можност директно да се запознае со волонтерите Андерсон и Шефер.
- Ме воодушеви адаптираноста на средината и блиските релации што волонтерите ги имаат создадено со локалното население. Запознавањето меѓу себе и на различни култури, традиција и начин на живеење е многу важно за меѓусебно разбирање и почитување. Ова е пример како може различни култури толку брзо да се зближат и да соработуваат и за една година да ги научат и јазиците на локалното население, албанскиот и македонскиот, потенцира министерот.
Градоначалникот Исени информира дека двајцата волонтери се целосно интегрирани во локалната заедница и дека даваат исклучителна поддршка на локалното население во изучувањето на англискиот јазик и организирање локални волонтерски активности, но помагаат и во подготвувањето апликации за проекти на општината.
Ханафин истакна дека има многу позитивни примери на соработка меѓу волонтерите од Мировниот корпус и општините, како што се Богданци, Кичево, Теарце, Новаци и други. - Мировниот корпус има волонтери во 47 општини кои одлично соработуваат со месното население и со невладините организации и ние ќе настојуваме тој број да се прошири зашто тие се одлично прифатени од месното население и локалната заедница, рече Ханафин.
Мировниот корпус е американска владина организација која е присутна во Македонија од 1996 година со повеќе од 200 доброволци што престојувале во педесетина општини.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...