Нимиц: Со предлогот идентитетот е безбеден

Не навлегувам во идентитетот на државата, туку го зајакнувам. Вие имате силен идентитет, не само од осамостојувањето, туку и од време на поранешна Југославија и од Отоманската империја, рече медијаторот Метју Нимиц во интервју за телевизија „Сител“ во врска со предлогот за решавање на прашањето за името.



Според Нимиц, не е тајна дека договорот е сеопфатен.

- Се обидов да ги опфатам најголемите проблеми и да најдам начин од интерес на двете страни. Според мене, со предлогот идентитетот е безбеден и со моите идеи е уште повеќе зајакнат. Предлозите ги напишав на четири страни и ги дадов на надлежните. Треба време да размислат, три до четири дена, а потоа да се разговора, истакнува Нимиц.

Тој најавува дека ќе ги посети двете земји во наредните 10 дена за да се најде компромис.

Оценка на медијаторот е дека спорот за името е голема штета за двете земји доколку неговото решавање и натаму се одолговлекува, а за разлика од минатото, ситуацијата сега е променета.

- Атина излегува од економска криза, поуверени се и пробуваат да играат поголема улога во регионот. Во Скопје има нова Влада која се чини дека е посветена на решавање на проблемот. Сега имам две влади со сериозни луѓе, двајца сериозни премиери и двајца министри за надворешни работи, тука се опозицијата и медиумите и еднаш ќе мора да донесете одлука. Сега е моментот бидејќи нема избори, да не се чека во наредните 25 години зашто вие ќе бидете тука, јас не, рече Нимиц.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...