Законот за употреба на јазиците во понеделник пред пратениците

Законот за употреба на јазиците се очекува во понеделник да биде ставен на собраниска седница. Ова е договорено на денешната координација на претседателот на Собранието Талат Џафери со пратеничките групи, потврдија за МИА од македонското Собрание.



На координацијата не присуствувале пратениците од ВМРО-ДПМНЕ.
Опозициската партија побара Владата да го повлече Законот, квалифкувајќи го како неуставен.

- Бараме да се формираат работни групи од претставници на сите парламентарни групи во Собранието, експертска и стручната јавност  и тие да работат на утврдување на потребата за носење ваков закон и за отстранување на неуставните елементи на законот за јазици, рече генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев на прес-конференција.

Попладнево реагираше Владата, со став дека Законот за употреба на јазиците е согласно Уставот, дека е изгласан во демократска, парламентарна процедура, како и дека е во интерес на сите граѓани и во рамки на концептот едно општество еднакво за сите.

- ВМРО - ДПМНЕ имаше можност да учествува во процесот на носење на овој закон во Собранието на Република Македонија, но одби да го направи тоа со што демонстрираше политичка неодговорност. Имајќи предвид дека претседателот Иванов не го потпиша указот, Законот за употреба на јазиците, повторно ќе се најде во собраниска процедура, при што ВМРО - ДПМНЕ ќе има можност активно да интервенира преку амандмандска расправа, соопштија од Владата.

Законот беше донесен на 11 јануари, а претседателот Ѓорге Иванов не го потпиша указот. Претседателот на Собранието Џафери, според Уставот и Деловникот, е должен во рок од еден месец, најдоцна до 11 февруари, да го стави Законот на пленарна седница. За да биде донесен, за Законот треба да гласаат 61 пратеник.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на слободата на печатот
1469.- Во Фиренца е роден Николо Макијавели,...
1492.- Кристифор Колумбо го откри островот...
1500.- Португалскиот морепловец Педро Алварес...